На 03.12.2017 г. во 18.00 ч. во кафе Аеро на иницијатива на www.babambitola.mk и Битола стари фотографии се одржа еден мал настан каде имавме мала изложба од над 30 стари фотографии, презентација на модели од моделарски авиони и едрилици заедно со книга презентирани од Перица Поповски. На настанот беше присутен и Николче Ѓеровски со неговите падобрани кој беа поставени пред кафе барот и во внатрешноста. Ви благодариме за вашата посета и заедничка дружба и да се надеваме дека ова ќе остани една мала традиција која ќе се повторува секоја година.

Бидете поздравени Аеро зависници!

Јавна благодарност до кафе Аеро, АК Мирко Тодоровски, Тера ТВ, Апла.мк и други…

Фотографии од Димитар Чунговски