До понеделник под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење ќе имаме натпросечно високи максимални температури на воздухот кои во недела и во понеделник ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала доумерена локална облачност.

Во утринските и претпладневните часови во одделни котлини ќе има услови за магла и за ниска облачност.

Во понеделник ќе започне да дува засилен јужен и југозападен ветер што ќе биде најава за голема промена на времето и уште од понеделник навечер ќе има врнежи од дожд и снег на планините.

Под влијание на нов студен бран ветерот од јужен и од југозападен правец ќе го смени во северен, па така и температурите ќе бидат во значително опаѓање.

Токму ова ќе услови врнежите од дожд да поминуваат во снег како на повисоките места, така и на пониските меѓу кои спаѓа и Битола и битолско.

Повремени врнежи од снег ќе има и во вторник. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 6 степени додека само на крајниот југоисток истите можно е да се искачат до околу 10 степени.

Уште постудено време ќе имаме од среда кога минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата. На некои места можно е да се спуштат и под -10 степени, максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 4 степени. На повисоките и планинските места истите ќе бидат многу пониски и ќе се спуштаат и под -5 степени.

Радосна вест за љубителите на скијањето и зимските спортови е дека на повисоките места и на планините ќе дојде до формирање и зголемување на снежната покривка.

Подготви: Славчо Попоски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here