Недела на 31.03.2019 ново метење! Во 10 ч. ќе го окупираме ѓубрето пак кај новиот пазар, околу хотел Битола, зад Кеопс и сите мини депонии натаму. Новото ајде на кафе, нека стане ајде на метење!

Уште еднаш да си се потсетиме кои ни се целите:

1. Конечно будење на еко свеста кај секој граѓанин
2. Тргање од мобилните телефони на неколку часа
3. Учење што е волонтерство и општестевно – корисна работа
4. Мноооооооооогу дружење, смеење, мајтапи на сметка на имбецилите кои фрлаат се’ и сешто кај ќе стигнат
5. Давање нов лик на местата што секојдневно ги гледаме
6. Убивање на досадната недела

Ве каниме да ни се придружите доколку сметате дека сакате и можете. За сите душебрижници не се секирајте заштитени сме со опрема од заштитни ракавици. Не не мислете многу, мрднете и дојдете фатете се за работа. Или барем за промена дајте свој личен пример. Или пак не дремете по балкони додека чистиме, слезете и помогнете. Како сакате, така. Ве чекаме да си докажеме дека не сме поголемо ѓубре од ѓубрето!

П. С. Би биле благодарни доколку потврдите присуство!

Марија Магдалена Петковска Микаровска