Оваа група е направена со цел да се изработи Предлог Граѓанска Иницијатива за целодневна субвенционирана тарифа на електрична енергија за жителите кои живеат во Општините Битола, Новаци и Могила поради штетните влијанија од работењето на термоелектраната РЕК Битола врз здравјето и животот на луѓето. Формиран е ТИМ од луѓе кои се стручни, секој во својата област и несебично ќе помогнат во изработката на оваа Предлог Иницијатива, а која ќе ја искористиме како Основа за да го извадиме од анонимност проблемот со отровниот воздух кој го дишеме и да го издигнеме на едно повисоко ниво. 

Со оваа Иницијатива ќе ја алармираме целокупната меѓународна заедница која е присутна овде кај нас и ќе се обидеме овој проблем да добие поголемо внимание, ставајќи го ЧОВЕКОТ во фокусот на општеството. Искрено се надеваме дека оваа Иницијатива ќе не сплоти како граѓани во остварувањето на нашата цел, а тоа е здрава животна средина. Ако веќе не можеме да ја имаме оваа здрава животна средина која ни е и со Уставот загарантирана, минимум што треба е да бидеме на некој начин субвенционирани, иако знаеме дека човечкиот живот со ништо не може да се субвенционира. Апелираме, секој оној кој сака да се приклучи кон ова Иницијатива, тоа да го направи без партиски, треба да испрати силен сигнал за нашата сплотеност. На почеток е најбитно да се изработи Барањето со Предлог образложение и Заклучок, а изработката на ова Барање е макотрпна работа која бара многу труд, време, напор, ангажман, вклучување на многу луѓе од разни профили, анализи, собирање на многу податоци на едно место, образложенија, извештаи и сл., а од друга страна, од квалитетот на оваа Предлог Иницијатива зависи крајниот резултат. Доколку биде добро и квалитетно изработена, тоа остава впечаток на сериозност и посветеност кон проблемот и поголема заинтересираност кај пошироката популација. Тоа, исто така, испраќа силен сигнал дека жителите на овој регион имаат сериозен проблем кој го загрозува нивното здравје и ова е минимумот што може да се направи за нив. Затоа, јавно го повикувам секој од Вас кој смета дека може да помогне, несебично да се вклучи со совет, помош, материјали, документи и сл. и да направи нешто за кое ќе се гордеат неговите поколенија. Сакам да НАПОМЕНАМ дека сите Ваши постови не треба да содржат партискополитички содржини, реклами, вулгарни и неСООДветни содржини и разни глупости, бидејќи ќе бидат бришани, а членовите на групата блокирани. Да се сплотиме сите како еден и уште еднаш да покажеме дека Битола отсекогаш била, е и ќе биде горда на своите граѓани. 
МИСИЈА: Да овозможиме на жителите на Општините Битола, Новаци и Могила да плаќаат субвенционирана тарифа на електрична енергија, поради штетните влијанија од работењето на термоелектраната РЕК Битола врз здравјето и животот на луѓето. 
ВИЗИЈА: Да го ставиме човекот ПРЕД CE во фокусот на општеството и да живееме во здрава животна средина. 
Тука можете да се приклучите на оваа група https://www.facebook.com/groups/1894868297207709/ 

еден коментар

  1. ABE STO SE SEKIRATE SEKOJ STO MOZIT DA DISIT NA SKRGI KE IMAT NAGRADA A KOJ NE LOSA MU STREKJA I TO E TO ST POMALCE DISIS TO POGOLEMA NAGRADA CISTIOT VOZDUH CINIT PARI NE DISETE MNOGU BRZO POLEKA POLEKA STEDETE MALCE
    EBAGO BELJATA !!!!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here