Денес на старовремски индијански начин беа испишани неколку љубовни пораки кои со многу тешкотии успеавме барем малку да ги дешифрираме.

Секој народ има свој карактер а тука спаѓаат и нашите битолски индијанци, кои на некаков начин ја изразуваат својата љубов која многу пати и знае да биде занемарена од сите нас.

Индијанскиот чад е сигнализација за која малку се знае за неа, но може да се каже дека наликува на една врста на поедноставна азбука која се прави со пократки или подолги чадни сигнали.

Љубовните пораки ќе се обидиме да Ви ги објасниме низ сликите :

1. Три натажени љубовџии

На љубовната порака од оваа фотографија како што успејавме да ја дешифрираме станува збор за тројца љубовџии кои искажуваат безброј комплименти и убави зборови, но се натажени и разочарани зошто се оставени сами на себе, без љубов и во очај. Љубовта ја бараат од некоја женска особа со кадрава коса и очекуваат барем малку да им даде внимание.

2. 30 години невозвратена љубов

На следната фотографија е една љубов која трае подолго време. Може да се каже околу 30 години. Колку што успеавме да дешифрираме повеќе се работи за “љубов од интерес”. Љубовџијата се жали дека е искористен, најверојатно на секои четири години и повторно напуштен, се до наредните четири години.

Ова невозвратена љубов е една од најтрагичните која на некој може да му се случи. Опишана во светскиот бестселер на Грин “Крајот на една љубовна приказна” и можи да се случи само на нашиот Баир.

3.Нема среќа за нас двајцата

Исто како во познатата песна на Тома Здравкович, индијанецот тагува по изгубената љубов, тагува за сеќавањата на ова тажно лето, се жали дека и после две години љубената сеуште ја нема. А таа го изневери и го “тркала” дека друга е надлежна “за него”. И некаде со друг нова љубов има…

Дешифрирањето на пораките е дел од нашата забавна рубрика ЛабавО и нека биде мал апел до сите нас и надлежните да им дадеме повеќе љубов и внимание на нашите заборавени и натажени битолчани кои баш и немаат многу среќа во љубовта и животот.

п.с. Фотографиите се од битолчани

еден коментар

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here