Името на селото потекнува од богатството на ореви во месноста. Населбата се наоѓа на југозападниот дел на битолско Поле. До него се оди преку селото Буково. Сместено е во таканаречената ореовска долина. Селото е планинско, на 970 м надморска височина. Целиот атар е планински, пошумен со густа дабова, ореова и иглолисна шума. Од градот Битола, населбата е одалечена 8 км.

 Населбата е мала и е во фаза на раселување. Куќите изградени во првата половина на 20 век се од камен, двоспратни, со мали прозори и балкони. Емиграцијата на ореовци датира од почетокот на 20 век. Печалбарите се враќале и правеле големи и камени куќи. Во 1961 г. Орехово броело 279 жители, а во 2002 г. се намалило на само 23 жители.

 Храмот во селото е посветен на Св. Петка (изграден 1860 г., обновен по Првата светска војна и со донации на иселеници ореовци преобновен во 2000 г.) Слава им е св. Пантелејмон. Поголем број од населението (над 200 лица) се иселило во Битола, прекуокеанските земји и Европа.

Слики и текст www.mojrodenkraj.com.mk