Американското катче во Битола беше организатор на настанот „Моето искуство: што ја прави жената успешна“. Своето искуство како специјалист педијатар го раскажа д-р Маргарита Камбовска, вработена во Болница „Плодност“, пред учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“.Д-р Камбовска, во својот мотивирачки говор, ја раскажа својата животна приказна, почнувајќи од тоа како се снаоѓала како најмладо дете во семејството, преку средношколските денови во Битола и факултетските во Скопје, па до тоа како ја добила својата прва работна задача како професор во средното медицинско училиште.
Сепак, за младите слушатели, најинтересен и највпечатлив беше моментот на раскажувањето на предизвиците со кои д-р Камбовска се соочува секојдневно како неонатолог и педијатар.
Пораката, која д-р Камбовска, вработена во Болница „Плодност“ ја испрати до младите е следна: „Не прифаќајте ограничувања за Вашите желби кога ќе одите на факултет, или кога ќе започнете да работите“.Присутните ученици имаа можност да и постават прашања на Камбовска, од областа на неонатологијата, абортусот, нејзиниот избор да остане и да живее и работи во Битола, нејзиното мислење за здравствената заштита во земјава и многу други.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here