Виктор А.К.А. Башлак, Мањаци – втор дел 

После  три и нешто години осеќам дека треба  да напишам збор два за мањаците, а со то да ја апдејтирам нивната состојба. 

Од предходнио пат, треба само да се потсетиме на видовите на мањаци, а тие беа : мањаци Почетници, теренски мањаци и модерни мањаци. 

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Сите мањаци  и до ден денес си постојат само измена има во застапеноста, ако теренските мањаци порано беа нај застапени со подгрупата на мањаци ѕиркачи, шо му одеа по колите на луѓето шо ги мањачеа и класичните теренски шо му одеа зад жените и шо му р`жат како мачори во Фебруари или онај популарнио звук при в шмукување навнатре ( ФУУУП ), сега најзастапени се модерните мањаци кои се секојдневно во експазија. 

Модерните мањаци се појавуваат со појавувањето на телефоните. Нивниот најголем подем се бечежи во 1998 година, за по извесно време полека полека сите да се преобратат во такви. Модерните мањаци се делат на Телефонски мањаци и Facebook мањаци или сега мањаци од социјалните мрежи  в клучувајќи го и Instagram, а Instagram е место каде жената е најсекси и најжешка, а то еден квалитетен мањак не го пропушта. 

 Телефонските мањаци најчесто  титкат на секое кај жртвата се дури не ја мрдни од умо, а со воведувањето на се поевтините тарифни модели кај мобилните оператори почнаја мањаците да се опуштат и да се јавуват и да му ќутат на телефон  на жртвата или да му диши на телефон шо е многу незгодно, а понекогаш ја користат и шифрата #31# или популарното со скриен и му поставуваат недолични прашања и непристојни предлози. 

Сега има напредок кај овие мањаците од социјалните мрежи. 

Остај то шо порано маваја LIKE на сите слики едно едно, на плажа, на базен, на свадба, абе женска нога гола да не види LIKE да не мани, сега станаја и на чат многу активни, а недај госпо некое чупе ако му мани LIKE на негова слика, одма оди на чат и ја прашва “Дали си за секс ???” минута не чека, железото се кова дури е жешко. 

А овој период предновогодишнио, нај хит на теренските мањаци му е анегдотата со врво : 

Врват комшивката и ќерка му натоварени со ѕунѕурки, сијалички, елки, помали, поголеми, абе шо зајре за 300 илјади алтани… 

А од каршија еден друг комшија, мањак, седи, ги гледа и му вика: 

-Ајде комшивке ќе ја китите елката ???

 –А комшивката страмежлива:

-Ами како шо носи редо комшија, со ќерката ете … – А овој ни пет ни шес

– Ајде па ако треба викајте после да ви го клам врво !!!

Наравучение : Легализирајте ја проституцијата, да олабат децава !!! 

П.С. За празниците, клајте го врво на сигурно …

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here