Машки близнаци се првите новороденчиња во Новата година во Битола. Во битолската болница во текот на новогодишната ноќ  се родија  вкупно 9 бебиња, 5 машки и 4 девојчиња.


– Првиот ден на гинеколошко-акушерското одделение во Клиничката болница Битола среќен, плоден и бериќетен. Во текот на новогодишното дежурство, породени се 9, од нив 7 раѓања се по природен пат и две раѓања со царски рез. Првите новородени се близнаци, првиот роден на полноќ, тежок 2400 г долг 45 сантиметри, вториот близнак една минута после полноќ, 2410  г долго 45 сантиметри. Неизмерна радост близнаците и донесоа на мајката Александра Стрезовска, 32-годишна , второротка.  Сите новородени се здрави и живи,  во добра кондиција, мајките во општа добра состојба. Минатата година ја завршивме со 1110 раѓања, со надеж дека оваа година ќе имаме уште повеќе новородени, изјави д-р Николина Ристевска, гинеколог

Повеќе на Апла.мк

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here