wp-1470997171834.jpg

Битолската банка (поранешно Гео биро)

Ноември 1983 г.беа изведени конзерваторски работи на фасадата на зградата на ул.Маршал Тито каде при случаен наод на вториот кат под атихот беше откриен турски натпис изведен со калиграфско несих писмо.
Самата фасада е стилски доста интересно решена и му припаѓа на неокласицизмот со разно разни штуко апликации (гирланди,акантусови лисја,школки) атик со столбови а има и елементи на Југендистил.Според укажување на очевидци порано тука на обете страни од влезната врата биле обесени ламби врз кои стоел натпис.

11753657_1448944205414987_2433465022565100153_n
Големиот натпис на фасадата бил покриен со малтар и при конзервацијата истиот е остранет од цела површина послем што читливо се гледа SELANIK AKBARE BANKASI,пишано на арапски а не турски и изобилува со украсни букви чија намена е естетско вообликување на калиграфијата и значи
СОЛУНСКА БАНКА.
Самата местоположба на зградата е во близина на поранешниот Пекмез Пазар каде била инзворедна за трговски и банкарски зделки и од постари извори некаде далечната 1893 г.Солунската банка отворила филијала тука во Битола и вршела пренос на пари со чекови за странство и трговски кредити,со својата политика ги потиснува локалните лихвари давајќи многу поволни услуги и задоволување на голем дел од локалните барања и потреби.

11737813_1448944218748319_6742455088176647331_n
Во 1888 создадени се и Зират Банка – (земјоделска банка) и Царската Отоманска Банка која имала 66 банки во Турција.
Во 1920 г. во зградата на Солунска Банка е основана Битолската Банка како акционерско друштво.Акциите ги држеле битолчани но во 1930 г.западнале во многу големи долгови по што започнала ликвидација од страна на Министерството за трговија, во 1932 г.
Во периодот до 1945 г. беше сместена гостилницата Гурман на Кирил Костов.
До 1949 престојува новоосновано хотелско угостителско претпријатие Хунап.Извесен период во зградата пресојуваше Народен музеј на Битолскиот крај кој беше преселен во 1952.
Од тогаш зградата ја добива старата намена во која беше седиштето на Комунално инвестициска банка и од 1965 просториите ги користи Гео биро за геолошки и рударски истражувања,па до некаде деведесетите години работи кафе бар и ноќен клуб Ал Хамбра и се враќа на вистинските сопственици кои ден денес ја продаваат.

11752558_1448944208748320_2241053450470809400_n
Значајно е да се напомене да при преводот на натписот помогнал палестински студент Марван Алтел.
Битолската Банка имаше само десет години успешна работа и во голема конкуренција другите банки и филијали не успеја долго да се задржи и да опстојува до ден денес како гордост наша и за нашиот град.

фото Димитар Петковски

Делови од текст обработени од Монографија за град Битола,Завод и Музеј Битола

 

wp-1470996839105.jpg

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here