На влезот во Битола од страната на Прилеп се наоѓа црквата св.Недела.Основана и издигната на 13 октомври 1863 година за време на неговото преосвештенство г-н Бенедикт Византиски, од кого црквата била осветена.

Во дворот на црквата Св. Недела се наоѓаат илинденските гробишта, каде се погребани и војводите Доне Крчаров (од с.Зовиќ) Димко Николов и Александар Турунџев. На гробиштата се погребани многу македонски значајни личности и револуционери како Павел Шатев,Димче Могилче,Кирил Лозанчев,Михаил Димев и др.

Во нејзината внатрешност има една мала тајна која здравје и среќа значи.Внатре се уште постои едно мало бунарче кое е остаток од некогашен црковен поголем бунар.Водата исцрпена од него со помош на ченгиено чамче со голема дршка е “света” вода која не е за пиење но помага за здравје,среќа и за мир. 

При вашата посета е слободно и дозволено користењето на светата вода,за која со задоволство ќе Ви помогнат домаќините на црквата св.Недела,на чело со неговото свештенство Прота Диме.
Петочната и Светата вода од црквата Св.Недела се опишани уште од големиот Марко Цепенков во неговите ракописи од пред неколку века.

Повелете и на здравје да Ви биде…


Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here