Изграден преку ноќ од Абдул Керим Паша на почетокот на 20ти век на место од стари турски гробишта и покрај големите негодувања на локалното турско население. 

Тука на 14 ноември 1944 година за првпат на македонски јазик е прозборено во едно драмско дело. Зградата била главно собиралиште на битолчани, кои, пак, се познати по својата љубов кон театарот и истанчениот вкус за уметност.

Битолчани сеуште не можат да го  заборават стариот театар. Неговите ложи со црвено кадифе, огромната кадифена завеса, ќумбето на дрва и чичко Ќемал.Приказните за неговото постоење,сеќавања и фотографиите од него сеуште кај битолчани будат многу голем интерес. Низ нив и ние сакаме да ве вратиме малку назад во времето,со желба дека некогаш можеби еден дел од сегашниот театар ќе биде преправен да личи на него.

Рушен 1980 г.


Група Мадригали сликани во внатрешноста на театарот

 

 

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here