Ракометарите на Еурофарм Работник ја забележаа првата победа во групната фаза на ЕХФ Купот. Во рамки од четвртото коло на ова натпреварување, битолскиот тим го победи хрватскиот Нексе со резултат 29-28.

Со оглед на фактот што се работи за хрватски вицешампион и еден гол разлика е голем успех и за битолскиот тим и за целата спортска јавност, особено за бројната публика во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Најефикасен во натпреварот беше Анте Гаџа од Нексе со девет гола, два повеќе од првиот стрелец кај битолчани, Невен Стјепановиќ.

По четири одиграни кола во ЕХФ Купот, Нексе е лидер на табелата во групата Б со шест бода, додека Еурофарм е последен со една победа.

Еурофарм Работник во наредното коло, на 24 март, ќе биде домаќин и на Хановер.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here