Битолчани велат “Секоја куќа со своја приказна”.Така е и оваа за куќата на еден од првите битолски гинеколози Михајло Замаули…

Михајло Замаули бил еден од првите гинеколози во Битола.На убавите сограѓанки тој им помагал во најсреќниот чин-раѓањето.Ги лекувал и им бил верен медицински советник.И покрај што потекнувал од богатото семејство Замаули каде што и без работа златниците овозможувале одличен спокоен живот,неговото образование во Атина и дипломирањето во Париз од него создале лекар кој,во секој миг на денот и ноќта,и се покорувал на Хипократовата заклетва.

image

Некаде во почетокот на 20ти век Михајло ја запознал животната сопатничка-Василики и се оженил со неа.Ја однел во семејната куќа на ул.Светосавска,денешна Ленинова која со четирите стана и голем овоштарник им овозможувала убаво место за живеење на младенците.По неколку години Василики во наследство од баба си,по која го носи и своето име,добила куќа на Широк Сокак,главната битолска улица каде што живееле најбогатите граѓани.
Михајло,кој веќе бил лекар со реноме,веднаш решил старата трошлива куќа да ја доизгради и разубави.Имал план во неа да ја смести својата ординација а му требало и простор за тукушто родената ќерка Марика,при што планирал семејството да го зголеми и со други деца…
Во 1917 Михајло ненадејно умира…
(продолжува)

Извадок од книгата на Марина Апостолова “Стари семејства”

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here