Во центарот на градот.На најградската улица.Се наоѓа една преубава градба која заради местоположбата не остана одминлива ниту од граѓаните ниту од надлежните.Сликана и цртана скоро на повеќето слики кои доаѓаат од нашата Битола…Куќата на еден од најпрвите гинеколози во Битола Михајло Замаули…

Во 1917 г. тој ненадејно умира.Неговата жена Василики останува да живее заедно со малата Марика и мајка си Катерина.Куќата останала недовршена исто како што останала и желбата на Михајло,да направи своја убава семејна градба.

Во тие години Битола,без разлика што тогаш била културен и конзулски центар на овој дел од Балканот,менталитетот налагал сите работи да ги вршат единствено припадниците на посилниот пол.Ама тоа не сакале да го признаат Василики и мајка и Катерина.Тие ги продаваат највредните работи што ги имаат и земаат кредит од хипотекарната банка за доизградба на куќата.

За кусо време Широк Сокак бил украсен со уште едно прекрасно здание.Долниот дел каде Михајло сакал да биде ординација бил преадаптиран во големо антре,каде што паметат постарите ,се одржувале разни манифестации.Тој дел од куќата во најголем дел од својот животен век бил претворен во продавници кои обезбедувале поголем дел од приходот што семејството Замаули го добивал за своја издршка.

Преку прекрасните дрвени скали во куќата се влегува на двата ката со по пет соби.Со огромни тавани,кружни ѕидови,распоред за комотен живот на богато семејство,се конструирани и двата ката на куќата.Мебелот бил целиот во длаборез,прозорците украсени со брокатни завеси,а семејството се служело со скапоцени кристали,сребрени есцајзи и порцелан.

Обично куќата посебно светнувала за празникот св.Харалампие кога доаѓале роднините и пријателите за да ја поделат радоста со домаќините.Василики и Катерина успеале навреме да го вратат кредитот од хипотекарната банка и да се посветат на одгледувањето и воспитувањето на малата Марика.А таа како убава и богата девојка станала најпосакуваната за мажење во градот.Постојано била облекувана во скапоцени фустани што ги добивала од патувањата кај роднините во Грција.

Интересно е да се спомене хобито на Василики….(продолжува)

 

извадок и текст “Стари семејства” М.Апостоловска

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here