Почитувани,

Поради големата заинтересираност од одредени населени места за разговор и подетално запознавање со условите кои компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола ги нуди за своите вработени, ќе биде организирана посета од претставници од самата компанија во следните населени места: Новаци, Кривогаштани и Могила.

За време на посетата, сите заинтересирани жители на погоренаведените места ќе имаат можност да поразговараат со претставниците за сѐ што ги интересира во врска со компанијата.

Посетата ќе се изврши во следните термини на следните локации:

Кривогаштани – Пензионерски дом во 11:00 часот

– Новаци – Општинска сала во 14:00 часот

– Могила – Општински простори во 20:00 часот

Ги покануваме сите заинтересирани да ја искористат можноста и да нѐ посетат. Сите се добредојдени.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here