Во официјалната програма на Монодрама 2019 имаше 11 претстави од 10 држави.

Се играше на 4 сцени во НУ Центар за Култура и Народниот театар во Битола.

Мотото на фестивалот беше; „ …и продолжува”

Жири комисијата во состав:

Нина Мазур – член на жири

Софија Ристевска Петрушева – член на жири

Ментор Зумберај – претседател на жири ја донесоа следната одлука:

Награда за најдобра режија:

Комедијантка

Бугарија

Режисер Невена Митева

Актер Маја Бежанска

Награда за најдобар актер:

Забелешка на покојникот

Русија

Автор: Михаил Булгаков

Актер: Игор Ларин

Гран при на фестивалот

Трите животи на Исидора Данкан

Молдавија

Автор: Зиновиј Сагалов

Режија: Марија Паљницкаја

Актер: Јана Лазар

Награда од публиката:

Сé што сум премолчела

Хрватска

Актер: Миа Беговиќ

Режија: Иван Лео Лемо

Наградите ги доделија претседателот на жирито Ментор Зумберај, директорката на фестивалот Маја Андоновска Илијевски и Градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

По официјалното врачување на наградите, во чест на лауреатите беше одиграна монодрамата „Пасија по Биби„ на актерот Петар Милошевски кој живее и работи во Лондон, Велика Британија.

Заради големиот интерес за оваа претстава која беше надвор од конкуренција, вечерва ќе има втора изведба за битолската публика.

Фестивалот ќе остане запаметен по амбициозната програма, воведување на дебатите во офф програма под наслов „Монодрамата од двете страни на сцената”, по првата монодрама за деца надвор од официјалната конкуренција, по отсуството на поддршка од страна на Министерството за култура, но со силна поддршка на Општина Битола, неколку приватни и државни компании, но и со лични донации.

Фестивалот го следеа повеќе новинари од земјата и странство, во сите фестивалски денови беше присутна и екипа на театарски критичари.

21-виот фестивал на монодрамата го сруши и сопствениот рекорд на продадени билети за овој фестивал, сите претстави беа со бројна публика и се бараше билет повеќе.

Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола, останува единствен фестивал од овој тип во Македонија и е најстариот фестивал на монодрама во Југоисточна Европа.

Љубица Ангелкова, пр на фестивалот

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here