Блиц интервју со еден поранешен фудбалер на ФК Пелистер, господинот Елведин Мехинагиќ. Роден 13 Август 1964 г. во Прибој, каде и ја започнува фудбалската кариера во ФК Фап од каде, крајот на 80тите доаѓа во Работнички (Раднички) па Пелистер итн. Моментално работи како тренер на фудбалски клуб во Австрија…

1 Во кој период настапувавте во ФК Пелистер?

Е.М.За Пелистер играв од летото 1990 год до зимата 1992 год.

2 Дали ви се допадна Битола ?

Е.М.Градот Битола е прекрасен, Старата чаршија, шеталиштето, во близина ги посетив и Преспа и Охрид.

3. Имате ли некоја анегдота поврзана со вашиот престој во Битола?

Е.М.Кога излегувавме навечер на музика, секогаш одевме таму каде свиреа групата “Боеми„ и кога ќе се појавев одма се најавуваше една песна за „босанецот„.

4.Дали контактирате со поранешните фудбалери на ФК Пелистер?

Е.М.Контактирам со повеќето соиграчи преку фб, а посебно со кумот Китановски.

5.Дали ја посетувате Битола по вашето заминување од ФК Пелистер?

Е.М.Во Битола сум бил последно во 1996 год, кога вадев извод за мојот син кој е роден во 1991 год во Битола, па и на таков начин сум поврзан со овој град.

6.За крај што им порачувате на Битолчаните и симпатизерите на ФК Пелистер ?

Е.М.Сакам ФК Пелистер да добие нов стадион и да биди повторно јак како некогаш. Многу поздрав до сите соиграчи, играчи, тренери и до навивачите…

интервју на Благојче Андонов

ФК Пелистер 1991/92 зедно со Елведин Мехинагиќ
Табелата на Првата лига каде играше Пелистер, рамо до рамо со Партизан, Ц.Звезда
Исечок од весник на Елведин од составите во натпреварот со Ц.Звезда

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here