​Во вторник на 10 октомври од 18.30 часот, ветераните на Пелистер и на македонската репрезентација ќе се соочат во спортската сала „Младост“ во Битола, а интересот за натпреварот е огромeн. Златко Димитровски и Пепи Манасков, кои се јавуваат во улога на организатори, сметаат дека овој натпревар може да го раздвижи ракометот во Битола.

Легендата, Пепи Манасков се наврати на најдобрите денови минати во градот под Пелистер и неговиот развој како човек и како ракометар. 

„Битола е мој втор дом. Овде созреав, станав ракометар во вистинска смисла на зборот. Играв со големи ракометари, ме тренираа големи тренери и тој период нема никогаш да го заборавам. Бевме многу сплотени, уште другаруваме и овој натпревар е пример за тоа. Битолската публика е посебна приказна. Луѓето знаат ракомет, чувствуваат, те носат, противникот го рушат, едноставно живеат со ракометот. Се надевам и во вторник ќе ја видам таа пасија, тие луѓе кои постојано не следеа на тренинзи и на натпревари. Жал ми е за денешните репрезентативци што не настапуваат за репрезентацијата на Македонија во Битола. Не знаат што пропуштаат што не играат пред битолскиот „пекол“. Многу ракометари станале големи имиња, затоа што играле во Битола“, ни рече Манасков.

Пепи Манасков во Битола ги освои сите домашни трофеи, а често беше и ривал, носејќи го дресот на Вардар. Беше дел е од незаборавната генерација која за „влакно“ остана без титулата во југословенската лига, која беше најсилна во светот, а го одигра и првиот европски натпревар на една македонска екипа, пред 32 години кога беше дел од соочувањето во Купот на ЕХФ помеѓу Пелистер и Атлетико Мадрид.  

Извор и фото Гол.мк. Благодариме!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here