​СОПСТВЕНИЦИТЕ НА БИТОЛСКОТО УГОСТИТЕЛСТВО ТВРДАТ

Келнерите—”терористи” ќе го уништат Епинал

– Тероризмот на десет келнери од хотелот “Епинал”, кои не сакаат никакви економски реформи, туку строго почитување на нивната застарена келнерска диктатура, е единствената причина за штрајкот во битолското угостителство “Македонија”, кој, ако потрае ова претпријатие ќе го доведе во сигурен стечај, беше истакнато на вчерашната прес-конференција на претставниците на фирмата “КАК”, која неодамна стана сопственик на битолското угостителско претпријатие.


Претставниците на “КАК”, Огнен Циговски и Томислав Саздовски, велат дека поради превработеност 49-те вработени во угостителството “Македонија” се отпуштени како технолошки вишок. “Но, нив им се понудени по 3.000 германски марки отпремнина, а ако сакаат да отворат и свој бизнис им се нудат и по 2.500 германски марки позајмица. Другите 46 отсто добиваат отказ само поради нерентабилно работење на фирмата, односно хотелот “Епинал” прави месечна загуба од 60.000 ГМ”, потенцираа Циговски и Саздовски.
Тие ги отфрлија тврдењата на вработените дека се уште не ја платиле првата рата, покажувајќи документ според кој за сопственоста на “Епинал” веќе платиле 1.400.000 германски марки, а во следните три години ќе плаќаат уште три годишни рати по 400.000 ГМ.

– Од “Епинал” сакаме да направиме хотел со 5 ѕвездички, како “Холидеј ин” во Скопје, оти Битола го заслужува тоа. Ќе вложиме 4 милиони ГМ.

Проектот го направија италијански архитекти, а градежните работи ќе ги изведуваат битолски фирми. Реновирањето на “Епинал” треба да заврши до крајот на годината – потврдија Циговски и Саздовски.

(М.П.)

Извор http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1594&stID=1474

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here