На само неколку чекори од некогашниот Камен Мост во Битола,на ул.Солунска постои некогашен конзулат кој со само една железна плочка на неговата фасада ни објаснува за што станува збор…
Некогашниот Италијански конзулат во Битола…
Објектот е граден при крајот на 19 век и почетокот на 20 век. Според архитектонските карактеристики припаѓа на стилот, еклектична градба со неокласични елементи (тимпанони, капители и сл.).

img_20160516_073341.jpg

Северната и источната фасада, исполнети се со симетрично распоредени отвори, со тимпанони над прозорците на катот, со богатапрофилација, што се случува и околу прозорските венци.

13288627_10154122184438991_1530372185_o

Концепциски е решен со визба, приземје и кат. Катот со визбата е одделен со меѓукатен венец, а истото е направено и меѓу првиот и вториот кат како и кровниот венец кој е богато профилиран.

13275280_10154122182738991_1712694487_o

Во периодот од поставувањето на Италијанскиот конзулат во Битола со извесни прекини од 1918-1927 год., во Битола престојувале 22 Вице конзули или Конзули.
Италијанската влада носи декрет за отворање на конзуларно претставништво во Битола, што се остварува на 08.04.1895 год. со првиот италијански конзул Ѓузепе Росет. Интересен е фактот, дека Италија, меѓу последните отворила конзулат во Битола, но таа е и од последните што го затворила. Италијанскиот конзулат во Битола, ја прекина својата работа во 1945 год., кога последен конзул бил Аугусто Кастелани.(*)

Неговиот сјај одамна си има заминато заедно со сјајот од Конзулска Битола.Додадени ламарини,распукана фасада,обесен компресор од климатизер се другиот дел од знаменитостите од со закон “заштитениот” објект.
Во државите кои се грижат за своето културно наследство на нив не смеете една шајка да закачите и сите си остануваат во својата првобитна состојба.
Додека кај нас дали од недостаток на љубов и грижа спрема “културно историските споменици” заедно со другите објекти од Конзулска Битола, истите тие избледуваат и се ронат пополека дури да се направат во рушевини и прашина…
И тоа сеуште трае…
Веќе седумдесет и една година по ред…

(*) извадок од Конзулска Битола на авторот Никола Миновски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here