Old library Intifa in Bitola

Последната турска организирана библиотека ,која стана и најопремена е онаа во градот која била позната со името “Интифа”.Се наоѓала во просториите на објектот каде што било сместено и вакуфското меаривско поверенство,односно во кругот на некогашниот коплекс на вакафот Исхак Челеби(денес на просторот помеѓу фонтаната и ХМС Стрежево).Била од приземје и кат.Во приземјето за време на првата светска војна биле просториите на добротворното друштво Хамиет.На горниот кат биле просториите на поверенството,една голема конференциска сала и просториите на библиотеката.Во неа имало арапски,персијски и турски книги кои биле сместени на рафтови,имало и многу стари и вредни ракописи и изданија.Била исклучиво од затворен тип,сите книги можеле да се читаат исклучиво во просториите.
Во 1936 г.престанува со работа,во 1938 г. е целосно ограбена и скапоцените серџати и килими завршиле на Цариградскиот пазар,случај за кој тогаш биле ангажирани две полиции.
Крајот на библиотеката е во 1948 г.објектот е рушен во општиот разорен бран,кога исчезна дел од Битолската чаршија,додека книгите меѓу кои првата печатена книга во првата турска печатница,речникот на арапски и турски Константинопол се наоѓаат во Архивите на Скопје и Битола.

БИБЛИОТЕЧНАТА ДЕЈНОСТ ВО БИТОЛА И БИТОЛСКО

Издавач Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола

http://www.nuub.mk/index.php?option=com_docman&task=doc_download&gid=54&Itemid=

фото непознат извор

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here