Разлистувајќи низ нето, овде/онде, ваму/таму, зачекавме едно интересно објаснување од еден сигурно стопостотен асли битолчанец. И на кратко би рекле Цветан Рулс и Респект бај д веј… 

Сето тоа е правено за зборањето наше битолско, кое некогаш можи да влези и во учебниците за “Зборајте на битолски”.

Џанам ние башка љуѓе сме, не сме ко сите… Ете то оригиналното кое тој на неговиот блог го пишува започнува вака –

 “А инаку како? Ко шо барав нешто по интернето, налетав на една Wikibooks страна кај шо ги објаснува карактеристиките на битолскио дијалект со се примери со се сè, а воедно и инспириран да го напишам мојо прв блогпост на тумбелрмлмр (не мом да го изговарам), решив да го преведам напишаното овде и да го надополнам плус она шо имам знаење за битолскио дијалект. Долго време мислев дека кавадаречкио дијалект користи шо-можи-поќе скратени изрази и зборој и за кратко време сватив дека сум во заблуда. Инаку во ова лекција ќе ги покријам најосновните работи по кои е специфичен и (многу често) збунвачки за останатите.

Деклинација на глаголи

Деклинацијата на некој глаголи отстапува од македонскио литературен јазик. Разликите се означени со закосени букви (или italics font за тие шо незнат).

  • Глаголот „сум“, сегашно време:

Буквата „а“ се испушта за трето лице еднина за женски („Таа“) и среден род („Тоа“), додека „сне“ (EDIT: и „вие све“) поќе го користат жителите на околните Битолски села.

    Еднина          Множина

1. Јас сум          Ние сне

2. Ти си              Вие све

3. Тој е               Тие се

    Та е

    То е

  • Глаголот „давам“, идно време:

Во глаголот „давам“, идно време (често и во сегашно), како и други глаголи на пример „пишувам“, „зборувам“, „правам“, се крати „ув“ или „ва“ за да се добие „пишам“, „зборам“, „прам“.

    Еднина          Множина

1. Ќе дам          Ќе дајме

2. Ќе дајш         Ќе дајте

3. Ќе дај            Ќе дат

  • Глаголите „можам“, „доаѓам“ и „одам“:

Најзбунвачка деклинација од останатите глаголи. Се користи „како шо ќе ти дој – така“, претежно по овие ненапишани правила:

– Во сите лица (освен во првото еднина и третото множина) „е“ се заменва со „и“;

– „доаѓам“ не се користи во битолскио дијалект за сегашно време, се заменва со глаголо „идам“

– Во прашање („Ќе мојш?“, „Ќе дојш?“, „Ќојш?“ соодветно)

– Ко се дава потврден одговор. („Можам“, „Ќедом/Ќидам“, „Ќе ом“);

– Ко се дава одречен (негативен) одговор („Немом“, „Не идам“, „Не ом“);

– Заповеден начин на „доаѓам“ е многу често „ела“, ама исто и „дојди“ се користи;

– <внесете отстапување / ненапишано правило тука>

  • Глаголите „учествувам“ и „чуствувам“:

Овие глаголи ги зедов како пример поради то шо се исти како и македонскио литературен, освен за трето лице множина каде што „аа“ се крати на едно „а“ и истото важи за сите глаголи од овај тип:

    Еднина                                Множина

1. Учествувам / Чуствувам       Учествуваме / Чуствуваме

2. Учествуваш / Чуствуваш      Учествувате / Чуствувате

3. Учествува / Чуствува           Учествуват /Чуствуват

  • Глаголот „ставам“:

Не постој во битолскио дијалект. Зато се вика „клавам“ и истио се менва во „клам“ за прво лице понекогаш:

    Еднина             Множина

1. клавам / клам    Клаваме

2. клаваш              Клавате

3. клава                Клават

Примерчиња:

– Та беше средно ко се преселив овде.

– Ако мојш после, ела до кај мене.

– Не мом да дом кај тебе, оти ќом кај баба ми.

– Клај ми го стилото в чанта да не го заборампосле.

– Иди побрзо, го клавам кафето [да се вари].

Именки.

Прилично се придржват по правилата на македонскио литературен јазик. Нормално тука идат и исклучоците типични за битолскио дијалект:
– Множина. Наместо „-ови“ и „-еви“, во Битола се додава „-ој“ и „-ња“ станва „-на“. Исто така и збирната множина од именки шо почнуват на „а“ завршуват со „и“, додека пак множините шо завршват со две самогласки, се изговарат со една самогласка и потежок акцент. Примери:

цареви > царој, клучови > клучој, часови > часој;

дечиња > дечина,  

вода > води, ливада > ливади;

инјекции > ин(ј)екци, организации >организаци итн итн итн…

– Вокатив (форма за обраќање) скоро и не се користи, освен некој ко ќе сака „погрубо“ да се изрази со додавање на „о“ на крајо од именката и силен акцент на истата.

(„Зоране!“, „Горјане!“, „Игоре!“, „Весно!“, „Елено!“)

Членувањето е исто како и литературнио јазик, освен за машки род кај шо се изостава „т“ од крајо.

(„весникот“, „чо(в)екот“, „фрижидерот“)

Лични заменки

Се придржуват кон правилата, освен за трето лице еднина (женски и среден род):

    Еднина          Множина

1. Јас                Ние

2. Ти                  Вие

3. Тој                 Тие

    Та

    То

Кога станува збор за индиректен предмет, родојте се губат, се збора во машки род и настанва тотален хаос:

    Еднина          Множина

1. мене ми         нас ни

2. тебе ти           вас ви

3. него му          нив му

    неа му

    него му

– „Татко му на Марија нè избрка од нивнио двор, оти праевме многу галама“

– „Му реков на мајка ми дека ќе се вратам за полсат.“

Придавки

Шо можи поќе се кратат. Покрај нормалната форма, компаратив и суперлатив, постојат супер-суперлатив и супер-супер-суперлатив во битолскио дијалект. Се прат со додавање на префиксо „пре-“. Пример:

Нормална: убав / убава / убаво > убав / уба /убо

Компаратив: поубав / поубава / поубаво > поубав / поуба поубо

Суперлатив: најубав / најубава / најубаво > најубав / најуба најубо 

Супер-суперлатив: преубав / преуба / преубо

Супер-супер-суперлатив: пренајубав / пренајуба / пренајубо

И за крај, еден краток речник

  • чупе – девојче
  • стило – пенкало
  • чакмак – запалка
  • соба – печка (за греење)
  • сабасаба – рано наутро
  • поќе – повеќе
  • чактисва – сваќа, разбира
  • одма – веднаш
  • оти? / оти – „Зошто?“ / „Затоа што“
  • матуф / дида – луд
  • аџеле – итно
  • апансас – изненадно, брзо
  • набафтана – згора, преку, невнимателно
  • такуѓере – полош / полоша
  • усул / исав – осет
  • љуфна – промаши
  • шубе – сомнеж
  • стипса – стегнат (за материјални работи)
  • форес – стрвост
  • од немукает – од непромисленост
  • инкер – малер
  • крлешка – лулашка
  • шуќур – фала богу, конечно, алелуја
  • кркма – шишка
  • терсене – комплициран, тежок за ракување
  • загоритенџере – некој шо е изгубен во просторо и времето, забораен
  • чакати – пари
  • бучкуруш – хаос
  • дупнимандало – итар
  • лапниголтни – наивен
  • ленгир – линиар
  • режало – острилка за моливи
  • пајнца – чинија
  • јанглаш – се користи кога некој не е во право („Јанглаш си“)
  • ќенеф – полско WC
  • збоктисано – преку глава
  • дрндлест – зборлест
  • муфте – гага, за беспари
  • уљандисан – загрижен, разочаран, вознемирен
  • џам – стакло, прозорец
  • ексик – (по ѓаволите?)
  • ѕунѕурки – лампиони
  • му се бендиса – му се допадна
  • кабадаја – ?
  • Блогерот и твитерашот Цветан и неговиот блог http://cvetan-blog.tumblr.com/post/13476189842/зборајте-битолски и чекаме епизода бр.2 или секонд левел ?
  • Поздрав од Битола

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here