Мојата Битола, во која се родив и млада ја напуштив.

За сеќавањата на детството растрчано по сокаците,
за младоста расшетана низ шеталиштето на вљубените,
за радоста во изучувањето на првите ноти и пијаното во старото нижо музичко училиште, подоцна и средното,за дружбите во кои се` “беше музика”, со целата генерација на надарени млади луѓе…!

Сите кои останаа засекогаш во благо и силно сеќавање.

Таму затекнав имиња на млади луѓе кои подоцна заслужено се афирмираа во Македонија и во поранешните ЈУ простори, а подоцна и некои други кои беа мои соученици.

Битола е редок расадник на надарени музички таленти.
Ќе спомнам само неколкумина, зашто бројот е голем.

Познатиот во тоа време тромбонист, а подоцна (до денес) врвен композитор и аранжер на секој вид музика, Славе Димитров и неговата легендарна „Чија си,“ потоа; маестро Кире Костов (тогаш трубач), подоцна композитор, аранжер, диригент…со огромен плоден музички опус не само во забавната туку и во филмската, сериозната музика, џезот и др. како и неговата „Тајно моја“ со која Тоше Проески ја презентираше Македонија во опкружувањето и подалеку…

image

Мери Кафкалева Стоилкова

Мери Кафкалева Стоилкова – пијанист, Ванчо Стоилков – виолина,
Мехмед Манев, Слободан Костурски, Сашка Петковска итн…
Сите, останаа доследни на својата музичка определба, освен јас ,која “заскитав” во некои други „води“.
Бев во екипата на втората генерација на Тв спикери, во тогашната ТВ Скопје и верувам, не ја засрамив Битола :)!

Некаде во далечните седумдесети бевме учесници во Битолскиот музички состав „Скромни“.

image

На фотографијата се Славе Димитров (денес познат композитор и кантавтор, познат во сите Ју простори, покојната Сашка Петковска (прекрасен вокал) јас, Љупчо Константинов (композитор), Кире Костов (денес маестро со богат опит и врвни дострели кај нас и во светот како трубач)

Основно училиште Гоце Делчев во Битола.Мојата прва учителка Марика Јефтич,класен раководител Олга Ковачева  6то б одделение

image

Оу Даме Груев 6 б одд.

image

На сликата заедно со Милица Шперовиќ, наша професорка по пијано и реномирана пијанистка денес. Настапува со сопругот Рибарски. До неа е многу талентираната Мери Стоилкова .
Сликани на влезот од Музичкото училиште.

На оваа фотографија може да се препознаат денес, многу познати имиња во областа на музичката уметност…

image

Офицерски дом…настап Мери Стоилкова (Кафкалеска) и Мирјана Илиевска – познато ДУО ММ  🙂

image

ДУО ММ во придружба на забавниот оркестар при КУД Стив Наумов во Битола.Диригент Димче Христовски.
Како и да е, градот под Пелистер, освен со својот специфичен шарм и имиџ на „градски“ град е поднебје со многу надарени имиња во сферата на уметноста, за кои е потребно повеќе време и простор за да се потсетиме и сите да ги споменеме.

автор текст и фотографии
Мина Даниловска

За сеќавањата низ текст и фотографии на Мина Даниловска јавно и се заблагодаруваме и ги охрабруваме и другите битолчани да ги споделат со нас сите нивни некогашни убави сеќавања.
Со почит.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here