Виктор А.К.А. Башлак

Јас како екологист  ќе си земам за право да напишам ред два на та тема. 

Битолчани ко ќе речат, леле ми ја зеде свеста, мислат на еко свеста.  

То сигурно можам да го потврдам оти уште во 2008-ма, ние како млади лица, кој полнолетен, кој сега за две недели ќе полни 18се, како шо велат тинејџерките ко ќе ја прашаш дали е полнолетна, се организиравме и три месеци мапиравме места на кој шо очајно во тој момент му требаше еко интервенција. 

Да напоменам без динар скршен и со еден апарат, Ивана од дома шо го зеде.

 Од ко ги измапиравме, напрајме 5-6 презентаци во Магазата, тука беше и тогашнио градоначалник и директоро на комуналец и многу претставници на тогашната локална власт и ги бендиса, а шо е најбитно се згрозија од сликите и од презентираното, па се фатија за работа и за воља на вистината за еден месец сите мапирани места беа исчистени. 

На местата кај шо побаравме контињер се однесе контињер, кај шо побаравме два пати неделно да врви камион, два пати врвеше, Леси почна да се врача кучи и се така супер идилично цели два месеци,  за после се пак по старо да се врати. 

И покрај контињерите, ѓубрето го фрлаја надвор, и покрај шо се исчисти практично настанатата дива депонија Петочна вода, за два месеци беше поголема од пред да се исчисти, изгледа ѓубрето си го чуваја дома и после наеднаш го  исфрлија, жими очи како за инает. А тогаш ми стана јасно дека  еко свеста апсолутно е негде длабоко во луѓето заспана. 

То се беше констатирано за многу брзо, се проба со  казни, ама џабе, казните не се решение.

Јас имам  еден план … Пак !!! 

Покрај овие групите за воздух шо се изнапраја, разни иницијативи за дедо Илија да не оди в затвор, за пајките пред општина, за проблемите во Битола, мислам дека треба да се напрај и една еко патрола. 

Нормално со претставници од еко-друштвата, комуналец , од МВР и да се патролира низ градо. 

Секој шо ќе биди затекнат кај шо фрла ѓубре на несоодветно место или како оние со рибарниците шо не се научија да си го најдат чарето туку одпадоко од чистените риби го фрлат в контињер онде кај Кирил и Методиј, а тука во радиус од 1 километар не се диши од смрдеата, посебно во лето, дури и цените на станојте во кулата паднаја заради нив, а од смрдеата остаревме сите за по 10 години, ако не беа тие сеа ќе имав 17 години, ама ете од шо се шутраци… 

Предлагам секој шо ќе биди фатен да биди задолжително повикуван на предавање за подигање на еко свеста,не парични казни, предавања.

 А на тие предавањата  пола сат да се збора за екологијата, а еден сат да се слуша сајзер соло од Група Кисми и Бумбари Бенд, или пак ќе снимам едно рап демо, а јас сум еден од најлошите рапери во свето. 

Е замислете то да морат да го слушат задолжително. 

Пр: Дојде лошо време, 

секој да си гледа за себе,

 ама неможи така со ѓубрето, 

мириса градо на умрено, 

кај ќе ви одат душите, 

сите да ми го п-шите, 

го украдивте градо, 

остана уште сато, 

баба ти е глупа, 

со наочари ко лупа,

 вие од Лавци за Чифлик низ Брусник да не вртите,

 низ Битола да одите!…

 и така еден сат тешки глупости.  

После на пример пак ако го фатиш кај шо фрла, пак на предавање, пак истото, пак и пак и пак и пак … Е сеа ако не му е мака да слуша глупости и ако има време да се расправа со нас, изволте нека фрла ѓубре по улица то е шо да му прајме, ама не вервам дека после првио пат ќе има таков маж, ќе го напрам демото тешка социјалка да биди, за се да кажва внатре… И така.

 Ај со здравје и мислете малце !!!
Сликите се од фејсбук групата “Битолски проблеми” која, исто како проблемите, мора да ја имате…

еден коментар

  1. Za najteskite slucai , pustajte mu da slusa Dismay , kaj so pej Zabo od Tera , vo zavismost od to , kolku ke izdrzi , edna pesna – dve max.. Nevervam deka nekoj ke gi islusa site 5!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here