…Едно ладно неделно утро го фотографиравме Широк Сокак поточно куќата каде што пишува Сингер”….”Здраво деца” поминувајќи покрај нас ни се обрати еден човек кој беше во неговите поодминати години. Едно чиче со шешир на главата, дотеран и педантен,испеглан и пицикато стросан за тоа неделно утро… “Таа куќа шо ја сликате,таа некогаш беше еврејска, како и повеќето куќи тука шо се во близина”…ни рече заминувајќи и пробудувајќи ја нашата љубопитност. Затрчувајќи успеав да го стигнам… “Добро утро “му реков “Дали можеме да се запознаеме и да ми раскажете повеќе за куќите во Битола?” го запрашав…”Добро утро”-ми врати “Јас сум Десано,Ѓорги Десано,уметнико”… “Нема проблем, живеам на Никола Тесла во куќа која некогаш беше Ан, попознат како Велушки Ан. Кога сакаш дојди таму ќе ти раскажувам “, ми рече – се насмеа скромно и му засветија со голем сјај, неговите кафеави, набрчкани очи. Сјај кој сите постари битолчани, го имаат во себе, сјај кој сигурно е од нивната голема гордост што се од Битола и ете баш битолчани. И сигурно му беше мило од нашиот гест со доза на искреност и љубопитност, тој да биде еден од тие кои ќе ни раскажуваат за нашиот град, за нас голема чест…

Затоа овие епизоди за “Заборавените битолски анови” ќе ги посветиме на него, Ѓорги Десано, со единствена намера истите заедно сите да ги запознаваме и да не бидат повеќе “заборавени” туку пронајдени,фотографирани и откриени, дај боже и реставрирани и реновирани.

Ќе ги откриваме еден по еден. Вашата помош ни е добредојдена, од вас, вашите родители, раскажувањата од вашите баби и дедовци, да останат засекогаш нашите битолски анови…

Ан (од турски: han[1]) или конак — преставувал еден вид на гостилница и преноќиште, остаток од османлиско време за патниците и нивните каравани. Овие згради имале штала за коњ, внатрешен двор, соби за патниците,гостилница (меана) и простории за анџијата.Битола како велеград била позната по нејзините анови. Ановите најчесто ги добивале имињата по жителите кои престојувале во нив, а некои и по името на газдите.

Денес Ви го преставуваме Велушки Ан…улица Никола Тесла бр.53..Тука сигурно најповеќе доаѓале и престојувале од с.Велушина,Битолско…


Уреди

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here