Ајде, пајтони кротко терајте

по сокаците крај дуќаните
Ширум чаршија, покрај Са’т кула
По Широк Сокак, до Тумбе кафе
Да се видам јас со другарите
Со другарите, со еснафите

Еј, Битола, бабам Битола
во мерак песни си отпеана
битолчани вечни бекрии
на вино, песни, се мераклии
Стари другари, дали помните
за пазарите и дуќаните?
За времињата на конзулите,
За вечерите по меаните,
И за песните по сокаците,
И за момите на пенџерите?

Ајде чалгии, тивко свирете,
тивко свирете, песна запејте
Песна убава, стара битолска,
Градска, бекриска ем мераклиска
Душава да си опијам,
да ја слушам јас и да умирам

 

“Еј Битола” Музика и текст Валентин Соклевски аранжман Миодраг Нечак интерпретација Сефедин Бајрамов

 

слика Непознат извор

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here