Некои занаети беа типично еврејски.Скоро сите зарзаватчии беа Евреи. Тие сами ги обработуваа бавчите и сами го продаваа зарзаватот, кој беше исклучително евтин и од кој никој не се збогатил. Сите зарзаватчии беа на една улица која заради одржување на свежината на продуктите беше покриена. Освен тоа, еврејска професија беше и продавањето овошје. Некои од нив сами го произведуваа, но повеќето го купуваа од продавачите, го сортираа и потоа го продаваа. И овошјето беше многу евтино. Од тие две еврејски професии не можеше човек да се збогати. Во еден крај на Битола наречен Ла Данга беа продавачите на овошје на ангро, меѓу кои и еден Евреин, Аврам Ароести кој ни беше сосед. Е, тој Аврам беше богат човек. Типично еврејско занимање беше скиџи,старинари и држеа една голема улица напазарот. Еврејски занает беше и кројачкиот, и тие исто така држеа цела улица. Но, шивачи имаше во поголем број и кај останатата популација. Еврејска професија беше и лус видрерус (стаклари, правеа чаши, шолји). Тие веќе беа поимотни. И ситничарите – продавачи на конци, копчиња, украси и сл. беа исто така еврејски професии. И трговијата со волна и кожи беше во еврејски раце, заедно со работилниците на кожи, ѓонови и сл. Тоа го работеше татко ми со наши роднини.

Сарафите беа само Евреи. Но, и речиси сите носачи, амали со самари беа Евреи. Крпачи на стари чевли, беа исто само Евреи. Евреите имаа свои кошер касапници, каде што се продаваше ритуално месо, т.е. ритуално заклано, подготвено, затоа што некои делови од месото не се јадеа, беа тареф, т.е. неритуално и недозволено. Но, постоеја и месарници што ги држеа неевреи, бидејќи тоа беше доста рентабилна работа. Продавниците на штофови ги држеа главно Евреи. Особено треба да се спомене Челебон Франко, многу способен трговец. Имаше и шест лекари Евреи во Битола, но тие дојдоа од други градови, од Белград и од Сараево. Тие беа д-р Барух-интернист, единствен специјалист интернист, д-р Моша Џераси – општ лекар, многу способен и баран лекар и д-р Медонса – дипломиран стоматолог, како и д-р Попадиќ-дерматовенеролог, додека д-р Мирјам Попадиќ беше школски лекар. Сите тие беа многу ценети и способни лекари во Битола.

”Сега ми текна една немила слика од времето на окупацијата. Кога се расчу низ Битола дека ќе им прекине стопанската дејност на Евреите, целиот џган од Битола се собра околу побогатите Евреи со вреќи, мислејќи дека ќе се отворат дуќаните и дека ќе ограбат се‘. Но, тоа не се случи, и тоа многу ги разочара. Државата ги ограби на законски начин.”

Сеќавањата на Аврам Садикарио во неговата книга ”Корени”

image

image

image

На сликите дел од Еврејското наследство кое му го оставија на битолчани

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here