Evliya Çelebi one of the most educated Turkish travelers write about Bitola in XVII century

Евлија Челебија еден од најобразованите Турски патеписци во XVII век дава опис на градот Битола дека тој се наоѓа во подножјето помеѓу на бреговите на една река и една планина.
Го опишува како голем град во кој точно на 10 места се минувала реката низ камени или дрвени мостови.Од четирите страни на градот и во него имало илјади големи дрва,дваесет и едно маало,седумдесет храмови,3000 еднокатни и двокатни камени куќи покриени со ќерамиди,900 дуќани,40 кафиња,убав Безистен..
Во околината има различни дрва со големи,дебели сенки под кои течат бистри потоци.Покрај нив се печеле и јаделе одлични шиш ќебапи и тоа ражен кој бил ставен на воден долап и како се вртел така ќебапо се печел.Има сечести гори каде рано наутро се слушаат слатките песни на славеите,кои го полнеле срцето со веселба.Таму секој пеел а општата веселба траела до наситка…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here