Како да се реагира во услови на земјотрес? Евакуациона вежба која покажува како да се поставува во вој случај денеска се одржа во ОУ „Коле Канински“ во организација на Општинската организација на Црвен Крст-Битола во соработка со СВР-Битола и општинските организации на Територијалната противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и Службата за итна медицинска помош.

Во рамки на оваа акција беа применети план за евакуација и средства за паника, извршивме обука на 10 професори за да реагираат и дадат прва помош на ученици, а во последната фаза реализиравме акција на терен ,односно извлекување на повредени ученици од опожарена просторија и помош на ученици во затворен простор за што беше поставена жичница на највискиот кат на училиштето, изјави Драги Павловски, секретар на ОО на Црвен Крст-Битола.

Според Костадин Поповски, командир на ТППЕ Битола, овој тип на превентивни акции се од големо значење и се извлекува поука за тоа како треба да се реагира во кризни ситуации.

– Во мобилизациската вежба, битолските пожарникари интервенираа во опожарени училници каде заради голема зачаденост извлекувавме ученици. Оваа вежба е добра поука за сите и затоа треба да биде организирана во сите училишта.

Ако анализираме каква беше реакцијата на учениците пред две години и сега, слободно можам да кажам дека сега учениците беа поподготвени и брзо, но смирено и без паника реагираа. Затоа советуваме често организирање вакви и слични вежби, посочи Поповски.

мр. Драги Павловски