Вчера на 18.12.2016 г., се празнуваше споменот на светиот Нектариј Битолски и на светиот Сава Освештен, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на свештенството од Битолското Архиерејско намесништво отслужи Божествена Литургија во соборниот храм Св. Димитриј.

На Литургијата присуствуваа многу верници битолчани како и преставници од градската власт кои дојдоа заеднички да го прослават споменот на заштитникот на градот.

После Литургијата, беше одржана свечена Литија низ центарот на градот, со чесните мошти на св. Агатангел Битолски.

Фото и вест 

МПЦ Охридска архиепископија

 Преспанско пелагониска правoславна епархија