1. Џандар стана. Конечно после толку изглумени епизоди му се оствари желбата и доби понуда да биди вработен како полициски службеник во битолската полиција. Честитки!
2. Си купи трактор Џондир! Бидејќи доби многу ниви во наследство, а благодарение на големата пара и субвенции шо ги има во земјоделието, среќно ја напушти актерската професијата засекогаш и стана земјоделец.
3.Ја има откажано пијачката и не можи да пие колку шо пијат другите во Солза и смеа. Макотрпно после неколку големи борби водени на маса, и тоа со денови, на познат домашен терен низ битолските кафани и ресторани, за на крај пред кооперација во с.Могила не издржа душа јуначка и рекол СТОП, се предавам. Опеан во песната “Таму долу в Могила”.
4.Мајтап ни прај. Таква му е професијата. Комичар. 
5. Директор ќе го клават на Македонскиот Народен Театар во Скопје, на местото од битолчанецо Дејан Пројковски, кое ќе му биди и како претходница за Министер за Култура. Шуќур еден министер од Битола!

6. Озбилен стана. После толку многу мајтапи и смеа, едноставно глумењето му се смачи бидејќи поќе никој во градо не го сфаќаше озбилно. Со самата промена на локалната власт одлучи и тој да се промени “на озбилно”.

7.Од Солзи и смеа не му исплаќале реални патни трошоци.

8.СЈО му е на врат за миљоните $$$ шо ги дојсоја од Австралија.

9. Од сѐ се откажа. Не му се глумеше поќе, не му се работеше кнауф во Австралија и се врати со намера да му се посвети скроз на љубофта на неговио живот.

Од нас малце ете вака да го поздравиме. Вакво дете мајка еднаш раѓа. Да ги поздравиме и Солза и смеа!

Leave a Reply