Се чувствував како камен, да, баш така. Иако се во мене беше живо и разиграно. Со текот на времето сосема се здрвив, едноставно, чувството беше како целото мое тело да е во гипс. Бев на работ на смртта, но за среќа сеуште постоеле добри луѓе…

Многу луѓе не ме сакаа и ме бркаа, па затоа кога моите спасувачи дојдоа да ме земат, се плашев од нив, и бегав. Но сепак видов надеж и добрина во нивните очи. Подоцна разбрав дека за мене многу се зборувало по социјалните мрежи, па ете сум дечки, јас сум, ЏИНА! 

 Знам, сигурно не ме препознавте, кој од вас би знаел дека од мене ќе излезе прекрасна шарпланинка. Кога веќе почнав со добрите вести, дека се излечив, да Ве израдувам дека и ќе се вдомам. Ви благодарам многу на сите и Ви ветувам дека ќе им кажам на овие мои другарчиња, што ме лечеа, да стават една слика од новиот дом.

Здружение Мали Херои Битола