Дури го пиеме летното претпладневно кафе од посвежата страна кај Шамбата (кафе бар Портал),на самиот Широк Сокак,не можи а  да не ја забележиме великодушната градба која гордо е исправена пред нас и е полна со историја и сеќавања…

Некогашниот ГРАНД ХОТЕЛ ЈЕВТИЧ…

Изграден некаде во 30тите години од 20тиот век сопственост на газдата Јевтич (JEVTIC) од Ужице заедно со неговата сопруга,битолчанката Катина.Претходно празен разурнат простор на Широк Сокак на кој тој го гради овај хотел споен со куќата и книжарницата”Просвета” на Илија Иванов(ич).
Центар на тогашниот владејачки естаблишмент како и кремот на Битола каде гостуваат класични оркестри,камерни состави, со голема главна сала и придружен објект кино сала со 300 седишта.
Во поновите години Гранд Хотел и Кино Македонија.
Достојно место за голема почит и враќање на некогашниот оригинален неокласичен изглед.ГРАДСКИ.

 

img_20160624_131542.jpg

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here