Браќата Пане и Атанас Давкови кон крајот на 19ти век носеле вино во мешини од Велес во Битола и само за неколку години стекнале голем капитал и станале видни граѓани во “Градот на конзулите”.

Животот бил скромен но не се штедело пари за образование на синовите и свадбите на ќерките.
Кога капиталот доволно се зголемил Пане решил да се оддели од семејството и со жената и децата купил сопствена куќа во 1924 г. од некој крушевчанец на аголот од Бранкова и Франше Деспере, денешните Јорго Османо и Славко Лумбарко. Куќата стои и ден денес имала 400м2 и големо дворно место, додека братот останува во куќата над чаршијата.нВо 1930 г.купуваат уште голем дуќан во старата чаршија сопственост на Евреинот Мордехај Јозеф со 330м2 бил најголем дуќан тогаш во чаршијата (сегашни дуќани накарши чешмата кај Малиот Битолски Монмартр).
Свадбените веселби на речиси сите нивни деца биле настани за градот.
За тие пригоди се ставале дополнителни греди потпирачи за да може горниот спрат да ги издржи сите гости што биле поканети, каде служеле келнери а јадењата се правеле во хотел. Посебност на свадбите на Давкови било тоа што за тие пригоди се изнајмувале сите битолски пајтони и свадбарската поворка го обиколувала цел град.


Со тек на време купуваат голем плац на Широк Сокак, на ул.Зборска направиле фабрика за книжни кеси, купиле голем плац за магацин до фабриката Благој Ѓорев во Велес итн.
Набавувале грозје кое го складирале во нивните импозантни бочви кои собирале дури и 7.000 литри.
Станале и најголеми застапници за шпиритус на Балканот.
Во 1938 г. умира Атанас а две години подоцна Пане, по што семејството продолжува со трговијата, не ги интересирало политиката и си го работеле цело време бизнисот дури за време и на војната. Одвреме навреме им помагаат на партизаните за што сведочат белешките во винарскиот дуќан.
Во 1946 сите дуќани се национализирани и затворени со се целокупна стока во нив. Подоцна е извршена конфискација а семејството е иселено од двете куќи. Во 1948 Константин Давков најстариот син на Пане е затворен и бидејќи не го предал цело злато на УДБ-а бил суден и затворен како воен богаташ три години, од кои одлежал две.
Куќата на Пане ја користела УДБ-а подоцна е преадаптирана во интернат и по желба на наследниците им е вратена до 1960 г. каде наследниците на Пане и Атанас живеат сите заедно на горниот кат.
Како што помина анатемата на Давкови сите се вработуваат во државни фирми и бргу си го повратиле името што чесно го носеле години со ред. Давкови сега се видни граѓани во Битола и насекаде во цел свет и споменот за нив нема никогаш да избледе…

текстот е превземен и адаптиран од книгата “Стари семејства” на Марина Апостоловска

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here