Спомените секогаш ни будат убави чувства. Постојат спомени кои едноставно имаат моќ да нè исполнат со живот и енергија. Тие нè потсетуваат на позитивни чувства и нè водат храбро да се движиме низ животот. Овие сеќавања не ни дозволуваат да се откажеме и кога ни е најтешко, секогаш се тука да нè инспирираат. Токму за тоа ги чуваме покрај себе и не оставаме да избледеат и да ги заборавиме. Не исполнуваат со позитивна енергија, мир и спокој, насмевка … Од нешто што било и поминало ама оставило печат од едно време, од почеток на една успешна приказна. Приказна која започна пред 10 години и каде главна улога сеуште се Сашо, Коче, Мичо, Снежето, Гусаро, Врабецо, па Соња, Вангел, Перо, Тото, Андреј како второ продолжение и денес вкупно 40 на број. Насловена како Портал и Портал 2.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Се започна пред 10 години со 6, 7 вработени и десет маси надвор, пет од едната и пет од другата страна. Се отвори нов и прв кафе бар во Горниот Пазар во близина на зградите Ремо. Битолчани тоа едвај го дочекаа, посебно тие од Нова Битола. Отворањето беше во петок на 9-ти Мај 2008 г. и беше проследено со голема и јака забава која ден денес сеуште се памети. Почетокот беше цел на кредит, од озвучување, маси, тапацирање…

“На храбрите луѓе Господ им подава рака… Од него барав едно, ми даде две! Денес имам два кафичи, две машки деца…”-раскажува Сашо Шамбески, Шамбата, газдата на кафе баровите Портал. “Ви посакувам на сите вас истото да Ви се случи, сите да го живеете вашиот сон, како што јас денес го живеам мојот!”… дополнува Сашо.

Сите го паметиме уште како шанкер во летната бавча од диско – бар “Треф“- кај Спорската сала, потоа како келнер во кафулињата “Игучи“, “Џовани“, „Монако“ и “Симбол“. Тука со полн ајнцер (тавта), и покрај тоа што беше напраен по битолски кажано “жива-вода”, во најголемите гужви лефтерно и спретно поминуваше помеѓу нас, со голема насмевка на неговото лице, која сеуште ја паметиме…Тој сонуваше уште оттогаш, за денес да го живее својот сон.

Од нас му посакуваме среќен 10-ти роденден и уште поголеми успеси во иднина. Денес ќе Ве почастиме со фотографии од неговиот албум од спомени, албум кој ќе трае засекогаш…

Среќен роденден Портал, Шамба и неуморна екипо!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here