Мате Шундовски беше нашироко познат како страствен навивач и предводник на повеќе навивачки групи во Македонија особено во ракометниот и фудбалскиот спорт.

mate sundovski

Покрај останатото, многумина го помнат и како диригент на таканаречениот најголем навивачки хор во светот, во поранешната СФРЈ со кој особено се прослави на Светското првенство во ракомет во 1974 година во Германија кога југословенската репрезентација за првпат ја освои титулата светски првак, а на Шундовски и навивачите им беше оддадено посебно признание.
Со својата диригентска палка тој беше омилен меѓу навивачите и спортистите на РК и ФК Пелистер, РК Кометал Ѓорче Петров, КК Работнички и други екипи во Македонија. За Мате сигурно сите вие заеднички повеќе ќе ни раскажете. Некои кажуваат дека последните години ги поминал во беда, други дека на крајот бил скаран со чкембарите но сите ние ќе го паметиме по неговите егзебиции, силни емоции и весели моменти, кои тој знаеше на спортските манифестации сите нас да ни ги приреди.Големиот чкембар Мате Шундовски.

This slideshow requires JavaScript.

http://bitola.info/

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here