И денешниот ден недела кој битолчани го користат за одмор и прошетки го искористија за помош во обновата на опожарениот дом Копанки на Баба Планина. Жичарата е повторно во функција и благодарение на раководството од Елем Турс повеќето неопходен материјал полесно ќе биде пренесен на крајната дестинација.