​”Турција актуелна во моментов, а кај мене од пред 2 дена.Имено успеав да дадам на толкување стари турски документи од фамилијата на мојата баба чии татко беше воен лекар во Турската војска. Кога се направи размената на население помегу Грција и Турција фамилијата на мојот прадедо мораа преку ноќ да го напуштат домот и се што имаале да земат и да заминат за Грција, прво во Солун а потоа во Битола.” – почна со приказната Зоран Кардула за неговиот голем прадедо, воен лекар…

“Тоа беше премногу болно за мојата баба па многу малку и зборуваше за тие настани. Тие изгубиле се, се им беше национализирано и само со 2 сандаци и малку вредни работи го напуштиле својот дом. Многу време се обидував да најдам некој кој ке ми протолкува што конкретно се документите кои се напишани на старо турски со арапско посмо. И еве пред 2 дена добив информација са содржината на овие истите.”ни раскажува Зоран..

Голем дел од документите говорат за статусот на таа фамилија во тој период кога живееле во Турција каде прадедото Коста бил на служба. Така да во документите се сите лични исправи на Коста, неговата жена и нивните 5 деца како и некои административни документи. Но еден документ  е од голема историска важност за државата (според стручното лице кои ги правеше проверките)  а од непроценлива важност и за цела фамилија. Тоа е всушност СУЛТАНСКИОТ ФЕРМАН напишан на рачно направена хартија испишан со златно мастило и кое се однесува на КОСТА ГЈОРГЈИУ роден во Битола 1847 година и со кое лично Султанот  го одликува за неговата заслуга како воен лекар. Според стручното лице ова е многу значаен историски документ зошто се однесува на човек од овие простори и дека во Македонија се претпоставува дека ваков султански ферман имало уште еден. Значаен е и фактот дека е даден на човек со христијанска вероисповед за заслуги како воен доктор. Тука е и неговиот печат кој според документите бил симбол на неговиот сталеж и богатство и гаранција за непрецена трговија и движење во Отоманската империја како и специјалните карти на неговите деца исто за непречено и сигурно движење секаде во империјата. Приказната од која претходно Зоран ја знаел од раскажување на неговата баба се потврди со објаснувањето и пишаното во документите. 

Како што гледате и сами уште пред сто години не било пресудно да си припадник на некоја религија  или етничка заедница за да добиеш заслуга за својата работа, нешто кое што треба да се цени и применува доколку сакаме работите да одат напред…

Голема благодарност до Зоран Кардула и ете на еден ваков мал симболичен начин се надеваме дека барем малку ќе му оддадеме од големата почит која ја заслужува некогашниот воен лекар-Коста од Битола, кој бил одликуван дури од големиот Султан. 

Со почит до цела фамилија….

На сликата е Коста со неговата жена, моја прабаба Атина, неговиот печат, хирушки прибор, сатот, војничките палети

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here