Оваа ноќ поради најавениот моќен студен фронт од север следува нагла и многу брза промена на временската состојба која ќе биде проследена со врнежи најпрвин од дожд и снег на планините како и со засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен правец кој на некои места ќе достигнува брзина од над 80 км/час и истиот ќе услови големо и нагло опаѓање на температурите ( дури за повеќе од 10 степени).

Околу полноќ, а особено во втората половина од ноќта врнежите од дожд ќе поминуваат во снег и на пониските места со што тенка снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места, на планински места пак истата ќе се зголемува.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА

До наутро минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 3 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени.

Исто така веќе до утре (вторник) наутро фронтот ќе ја помине нашата држава меѓутоа ќе остане многу студено и времето ќе се стабилизира.

Од среда наутро минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -2 степени додека на некои места истите можно е да се спуштат и до околу -15 степени, особено повисоките места и на планините.

Поради ваквите временски услови растат условите за голомразица па така граѓаните но и оние граѓани кои возат да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Подготви: Славчо Попоски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here