На само 15 километри од Битола и исто толку минути возење со автомобил, во подножјето на Баба планина се наоѓа Ски центарот Копанки, еден од првите ски центри кој датира уште од времето на Југославија.

Навистина можеби тука времето е застанато уште од тогаш, но тој е нашата гордост, нашите спомени… Нашето прво возење со жичара, нашето прво паѓање со ски…..

Моментално најубавата можност за сите нас и љубителите на зимските спортови, на чистиот пелистерски планински воздух, на убавата и релаксирачка природа која не маѓепсува на прв поглед…

Годините си минуваат, времето не се враќа. На нас сами останува да го искористиме максимално тоа што ни го дава природата.

Овај викенд ски лифтот заедно со жичарата ќе работат под полна пареа, моментално со ратракот се спремаат двете скијачки патеки.

Најавеното сончево време дополнително ќе влијае за зголемување на серотонинот во нашата крв.

Затоа повелете заедно со вашите најмили, да си имате еден убав и исполнет зимски викенд, зошто животот е само еден, а Копанки е моментално најубавото кое го нуди Пелистер!

Тоа што го добиваме тука го нема никаде за сите пари на светот. И тоа е баш наше, ретро и чисто!

Една планина, една љубов… Копанки е местото кое за битолчани е најблиску до рајот!