Година 2001. 28-ми Април, денот кога битолчаните Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски станаа херои заради нас и Македонија. Заедно со другите колеги се дел од големиот непребол кој годините кои врват бесполезно се обидуваат да го замаглат сето тоа кое непотребно се случи и за кое до ден денес се прашуваме. Дали мораше така да биди?

Во нашите сеќавања останаа ведри, мирни, почитувани колеги и другари, лојални на државата до последен момент, не одбирајки дали нивниот живот е побитен или одбраната на нивната татковина.

Мирен и тивок како Бошко,

другар како Кире,

почитуван како Марјан

и интересен како Илче,

кој беше до максимум исполнет со енергија и ведрина која ја носеја неговите младешки години, заради што и го викаа Беснио…

Знаеме дека и ден денес се заедно таму горе некаде, од каде сеуште заедно не чуваат. Вечни ќе бидите и секогаш ќе се потсетуваме на вас. И не само овај ден. Овај ден е херојски ден. Овај априлски ден е ден на големи херои.

ВЕЧНА ВИ СЛАВА ЈУНАЦИ!!!