Со сениорски борби изминатиов викенд се одржа шестото коло на Првата македонска бокс лига, коло кое се одржа во Куманово.
Екипата на Пелистер, која на овој турнир отпатува во најсилен состав, имаше само една борба, додека неговиот ривал за првото место Тернипе, две. Единствен боксер на „зелено-белите“ кој се најде во рингот беше Денис Муаремовски, кој со убедливи 3-0 славеше над Александар Ристовски од штипски Пинк пантер.

Резултати – 6. коло:

-60 кг. Александар Шумкоски (Универзалци) – Никола Арсовски (Куманово 84) 0-3
-64 кг. Александар Ристовски (Пинк пантер) – Денис Муаремовски (Пелистер) 0-3
-69 кг. Ендрит Исуфи (Куманово 84) – Љуљзим Исмаили (Шкендија но лимит) 0-3
-75 кг. Октај Фератов (Борец) – Хамза Имеровски (Синди) 3-0
-81 кг. Даниел Вретовски (Алексо Огненовски) – Даниел Абаз (Тернипе) 0-3
-81 кг. Филип Наковски (Куманово 84) – Тарик Хадровиќ (Универзалци) 3-0
-91 кг. Бањамин Речи (Синди) – Роберто Ристовски (Пинк пантер) 3-0
-91 кг. Амир Бекири (Фајтер Илери) – Бојан Јаноски (Универзалци)0-3
+91 кг. Синан Џеладин (Тернипе) – Серхан Џафероски (Ас) 3-0
+91 кг. Емил Шаботиќ (Куманово 84) – Филип Зивосовски (Универзалци) 0-3

И по ова коло битолскиот клуб е лидер на табелата и има убедлива предност пред второпласираната екипа на Тернипе, додека трет е тимот на Алексо Огненовски.

Извор Гол.мк

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here