Тимот Melius составен од Димитар Бежановски, Милан Петровски од Битола, Филип Голабоски Струга и Маја Атанасоска од Прилеп учествуваа на натпреварот Code Up Level App: Startap edition powered by VIP кој започна на 15-ти и траеше до 21-ви април во Скопје и заедно со нивниот 3D анатомски атлас и помош на нивните ментори Томе Младински, Мартина Димовска, Јане Плавевски од ВИП го освоија првото место.

Од тука тие продолжуваат во Берлин каде во месец јуни ќе се претстават со нивниот старт ап на светското такмичење во Get in the ring.

Овој натпревар беше наменет за сите амбициозни и храбри студенти, претприемачи, програмери и дизајнери кои имаат идеја и храброст да започнат сопствен бизнис.

Целта на настанот е да се поттикне претприемачкото размислување кај младите и да им се понуди помош да ги реализираат своите идеи. За полесна реализација од идеја до бизнис, на настанот учествуваа докажани предавачи и
ментори кои моментално се основачи на успешни македонски
стартапи.

Честитки за сите!