“Приказната започнува пред две години во ресторанот „Куќата на Мијаците“. Таму каде што се запознавме со Рената, таму и се одржа свадбата.
На првата годишнина од врската ја запросив на врвот Голем Крчин на 2341мнв, тоа е врвот кој што се гледа од дворот на Бигорскиот манастир.
Со благослов на Отец Партениј, нашиот духовен татко, ние решивме да направиме венчавка која што ќе биде најблиску до традиционалната. Така и се случи, облечени во мијачки традиционални носии типични за тој крај направивме традиционална Македонска венчавка во Бигорскиот Манастир „Свети Јован Крстител“ и светска/модерна свадба во ресторанот „Куќата на Мијаците“- ни раскажа битолчанецот Никола Грнчаров.

Нив им ги посакуваме сите убавини на светот, многу челад и среќа да ги служи понатаму во заедничкиот живот. А на професионалците од ЗАГА Продукција му се поклонуваме за направените фотографии. Секоја чест. Погледнете ја галеријата: