Битолчанецот Горан Чобановски, според магазинот „Чикаго соушал“, го има еден од десетте најдобри фризерски салони во Чикаго, пишува „Гласот на Америка“.

Во Чикаго, Чобановски има два фризерски салони со 15 вработени, лоцирани во центарот на градот.
-Инспирацијата доаѓа од насекаде. Секој ден кога станувам наутро и излегувам на улица, можам да забележам некој човек којшто ми оставил силен впечаток; инспирацијата ми доаѓа од цвеќето на вазната во мојот дом, архитектурата на зградите. Инспирацијата е насекаде. Треба само да ги отвориме очите – коментира овој млад стилист.

Магазинот „Чикаго соушал“, кој се занимава со животот во Чикаго, го вброи дуќанот Кобан меѓу 10-те најдобри фризерски салони во метрополата, за што тој се чувствува почестен.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here