Група креативци од Битола водени од виртуозот за типографија Г-дин Ласко Џуровски, за време на типографската работилница Фонтој – Монтој, го започнаа процесот на креирање на првиот и единствен Битолски фонт инспириран од Битолската плоча.

 Во старата Ески џамија, срушена во 1956 година, е пронајдена камена плоча на која со кирилско уницијално писмо е напишано името Битол. Се претпоставува дека плочата потекнува од катедралната црква на Битолското кале и дека ја поставил внукот на цар Самуил.

Археолозите и историчарите се согласуваат дека плочата настанала при обновувањето на битолската тврдина од царот Иван Владислав. Академикот Владимир Мошин ја студирал содржината на текстот и претпоставува дека таа датира од 1016-1017 година.

 Битолската плоча е натпис во кој Битола се спомнува за прв пат како град. Тоа значи дека Битола е стара над 1000 години. Колку за илустрација Москва е стара околу 800 години, Санкт Петербург околу 300г.

 

Text Box: Идејата на типографската работилницата Фонтој-Монтој беше да направиме Битолски фонт и по повод 1000 годишнината (2016-2017г.) од постоењето на името Битола да им го подариме на граѓаните на Битола и Македонија на 4.Ноември - Денот на ослободувањето на градот Битола. - изјави Ангела Христовска – графички дизајнер и иницијатор на процесот.По 1000 години група креативци се собраа да го ресоздадат фонтот на Битолскиот натпис односно да го креираат од денешна перспектива

 

Фонтот Aloti_B (читано наназад од Bitola) ги почитува типографските норми, лесно е читлив и елегантен.

Фонтот Aloti_M ги крши типографските норми во обид максимално да се и интерпретираат формите од Битолската плоча. Овој фонт претставува модерна ревитализација на ракописот од пред 1000 години, нормално, со извесни прилагодувања за употреба на современите медиуми.

 

 

Фонтотовите Aloti_B и Aloti_M, кирилична и латинична верзија, се бесплатни и може да се спуштат на:

http://www.mycreativeteam.com/fontojmontoj.html

 

Сите оние кои ќе ги спуштат нека остават своја електронска адреса како би ги информирале за подобрените верзии за фонтовите.

 

Фонтот е жив производ кој подлежи на постојани подобрувања и со задоволство ќе информираме за сите промени.

 

Во процесот на изработка на фонтовите група графички дизајнери изработија постери инспирирани од фонтовите, процесот и креативната енергија. 

 Изложба на постерите е нареден чекор кој ќе го превземи креативниот тим од Битола.

 Фотографија од Битолската плоча, фотографии од креативниот процес и постери инспирирани од фонтовите.

Фонтовите Aloti_B и Aloti _M се резултат од проектот Типокулт кој го реализира Здружението на граѓани за поинакво делување Арт Акт Битола и My creative team со поддршка на Министерство за култура на Република Македонија.

Честитки за првиот наш битолски фонт…

Bitola font

Creative group from Bitola led by virtuoso of typography Mr. Lasko Dzurovski during typesetting workshop Fontoj – Montoj, have begun the process of creating the first and only font inspired by Bitola’s plate.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here