Во 60тите години од минатиот век послем подолго време Битола го прави својот економски бум, точно некаде послем 1965 г. Многу фабрики, згради, станови, училишта, спортски објекти, нови судови , нов објект за Полиција. Сето тоа е градено со голема помош од граѓаните преку нивниот самопридонес, кој според податоците процентуално му се задржувал од нивните лични примања, дали 2 или 5 % во текот на повеќе години, во зависност од големината и грандиозноста на објектот. Разгледајте ја галеријата од тогашна Битола.