БИТОЛА МОЈА КАКВА СИ

ТАКВА СИ,НАЈУБА СИ.

КОЈ ЗБОГУМ ТИ РЕЧЕ

И ДЕН ДЕНЕС ДУША ГО ПЕЧЕ.
И САМА ЗНАЕШ ОТИ ТОА Е ТАКА

КОГА НЕШТО ОД СРЦЕ СЕ САКА.

ЕЈ! БИТОЛА ЛЕЛЕ ШУБА СИ

ОД СИТЕ ГРАДОЈ НАЈУБА СИ.
ГОРД СУМ ШТО СЕ РОДИВ ВО ТЕБЕ

НАЈУБА МОЈА ТЕ НОСАМ ВО СЕБЕ.

И АКО ПОВТОРНО ЈАС СЕ РОДАМ

ВО ТЕБЕ БИ САКАЛ НА БОГА СЕ МОЛАМ.
ЕЈ! БИТОЛА СО МИНАТО СЛАВНО

ВО ТЕБЕ ВРЕМЕТО МИНУВА БАВНО.

И ДЕН ДЕНЕС ЗА ТЕБЕ ПЕСНИ СЕ ПЕАТ

И ДЕН ДЕНЕС ЗА ТЕБЕ СОЛЗИ СЕ ЛЕАТ.
ЗОШТО ВЕЛАТ ДА ВРЕМЕТО ЛЕЧИ СЕ ?

А БОЛКАТА ЗА ТЕБЕ НЕМОЖИ НЕ ?

И НА СТАРОСТ СЕУШТЕ САКАМ 

ПО СОКАЦИ ТВОЈ ВЕЗДЕН ДА АКАМ.
ВО СЕБЕ ЕДНА МИСЛА СИ КРИЈАМ

НА ШИРОК СОКАК ,КАФЕ ДА ПИЈАМ.

КАЈ ПАСКО ЃЕВРЕК И БУРЕК ДА ЈАДАМ

В’ЧАРШИЈА ТВОЈА СО БОЗА ДА СЕ ЛАДАМ.
А СЕГА КОГА ЈА ЗНАЕШ БОЛКАТА МОЈА

НЕКА ОВА БИДЕ И ПЕСНАТА ТВОЈА.

УШТЕ САМО ЕДНО ДА ТИ РЕЧАМ

САМО ВО ТЕБЕ МОЖАМ РАНИ ДА ЛЕЧАМ

ДЕН ВО ТУЃИНА


ГЛЕДАМ ТУКА ,ГЛЕДАМ ТАМУ

СЕ Е ЧИСТО, СЕ Е НОВО ИЗМИСЛЕНО,

ТАМУ СТАРО ИЗМОРЕНО И ИСТРОШЕНО.

ВЕЛАТ СПОРЕДБА НЕМА

НО СЕПАК ИМА КОЛКУ ТОЛКУ,ПОМИСЛИВ.

ЕДЕН ГРАД ,ЕДЕН ЧОВЕК,

МИЛИОНИ ЛУЃЕ,ОКОЛУ ТЕБЕ,ДО ТЕБЕ И ПОКРАЈ ТЕБЕ,

НО СЕКОЈ ЗА СЕБЕ…НИКОЈ ЗА ТЕБЕ,НИТИ СО ТЕБЕ.

ГУЖВА ,НЕПОЗНАТИ ЛИЦА РАЗНИ

ГОЛЕМА БУКА,А СЕПАК СЛУШАМ САМО ТИШИНА.

БЕЗБОЈНО ГИ ГЛЕДАМ СИТЕ РЕКЛАМИ И 

СИЛНО ОСВЕТЛЕНИ НАТПИСИ.,

НО ЗА МЕНЕ СЕ Е ПРОЗИРНО,

МОЖАМ ДА ВИДАМ НИЗ СЕ И СЕКОГО.

НИШТО ОКО МОЕ НЕ ПРЕПОЗНАВА,

СЕ УСПЕВА ДА ПРОЈДЕ НИЗ МРЕЖАТА МОЈА.

ОСЕЌАМ ПРАЗНИНА,ПРАЗНА МРЕЖА ПРАЗНА ДУША.

КЛУПА ПРАЗНА ГЛЕДАМ,СЕДНУВАМ И ЗА МОМЕНТ

ЗАТВОРАМ ОЧИ,И СЕ ПРЕПУШТАМ НА САМИОТ СЕБЕ.

ОДЕДНАШ…ТОПЛИНА,СВЕТЛИНА И ПОЗНАТО МЕСТО

УЛИЦА ТЕСНА А ПИШУВА “ШИРОК СОКАК”…

ПОЗНАТИ ЛИЦА,ПОЗНАТ ПЛОЧНИК…

ДЛАБОКА ВОЗДИШКА,ГЛЕДАМ ДОЛУ 

ТРИ КАПКИ НА СТАРАТА ПЛОЧКА.

ГЛЕДАМ ГОРЕ НЕБО ВЕДРО…ШТО СЕ СЛУЧИ?

ОДЕДНАШ СФАТИВ СОЛЗИ РАДОСНИЦИ,

НЕЗНАМ ШТО?,НО ВО ТОЈ МОМЕНТ НЕШТО СЕ СЛУЧИ?

НЕШТО СЕ ИЗГУБИ ВО ТОЈ МОМЕНТ….???

ДАЛЕЧИНАТА? ИЛИ ВРЕМЕТО? НЕЗНАМ.

ШТО И ДА Е ВО ОВОЈ МОМЕНТ НЕ ПОСТОИ.

ГИ ПРАВАМ И ПРВИТЕ БАВНИ НО СИГУРНИ ЧЕКОРИ.

И ОДЕДНАШ ГЛЕДАМ ПРЕД МЕНЕ СААТ КУЛА,

ПОКЛОПЕНИ СКАЗАЛКИ КАКО ЕДНА И ПОМИСЛИВ

ШТО ТРЕБА ТОА ДА ЗНАЦИ?

ДАЛИ МИ ВЕЛАТ ВРЕМЕТО МОЕ ПОМИНА?

ИЛИ ПАК ВРЕМЕТО МОЕ НЕ СЕ ВРАЌА?

ИЛИ ПАК Е ВЕЌЕ ВРЕМЕ ДА СЕ ВРАТАМ?

НО ОД КАДЕ ДА СЕ ВРАТАМ КОГА СУМ ТУКА ПРЕД СААТ КУЛАТА?

ОДГОВОР НЕМАМ,НО СЕ НАДЕВАМ ОТИ ВРЕМЕ ИМАМ,

И АКО НЕ ЗНАМ ШТО ЌЕ ПРАВАМ СО НЕГО,

КАКО И ДА Е ВЕЛАТ ОТИ ВРЕМЕТО Е ИЗМИСЛЕНО,НЕ ПОСТОИ ТАКА ДА 

НЕМА ШТО ДА ИЗГУБАМ.

ЧУСТВУВАМ СЕНКА ,НЕКОЈ Е ПОЗАДИ МЕНЕ.

НЕ СЕ ВРТАМ А СЛУШАМ ТИВОК РАПАВ НО СЕПАК ЈАСЕН ГЛАС МИ ВЕЛИ:

ДЕТЕ СААТОТ НЕ РАБОТИ ВЕЌЕ ПОДОЛГО ВРЕМЕ.

А ЗОШТО НЕ РАБОТИ?,РЕКОВ СВРТУВАЈКИ СЕ НАЗАД,НО ПОПУСТО

НЕМАШЕ НИКОЈ,СИГУРНО ТАКА МИ СЕ ЗАЧУЛО ПОМИСЛИВ.

СЕ ПОГЛЕДАВ ЗА КРАТКО ВО ПРАЗНО,ПОВРШНО И ПОЧНАВ ДА ЧЕКОРАМ

СПОРО,НО СИГУРНО НИЗ ПОЗНАТАТА УЛИЦА.

СЕ ОСЕЌАМ ВОЛШЕБНО И ПРЕД СЕБЕ ГИ ПРАТАМ СТАПКИТЕ НА ЕДНО МАЛО ДЕТЕ

КОЕ И АКО НЕ ГО ГЛЕДАМ,ГО ОСЕЌАМ ПРЕД МЕНЕ.

ОДАМ И ГЛЕДАМ НА ОКОЛУ,НЕШТО БАРАМ ВО ТОА СУМ СИГУРЕН

НО НЕЗНАМ ШТО Е ТОА И НЕ ЗНАМ ЗОШТО ГО БАРАМ?

И АКО НЕ ЗНАМ ШТО БАРАМ ЧУСТВУВАМ ГО БАРАМ ВО ПОГРЕШНО ВРЕМЕ

НО НЕ И НА ПОГРЕШНО МЕСТО,ВО ТОА СУМ СИГУРЕН.

И ТАКА СЕУШТЕ ГИ СЛЕДАМ ЧЕКОРИТЕ НА МАЛОТО ДЕТЕ,

НЕМА ДА СЕ ИЗГУБАМ ПОМИСЛИВ,ОВА Е НЕГОВА УЛИЦА И СИГУРНО ЗНАЕ КАДЕ ОДИ.

ИМАВ СИЛНО ПРЕДЧУСТВО ОТИ И АКО НЕ ГО ГЛЕДАМ 

СЕПАК ДОБРО ГО ПОЗНАВАМ ДЕТЕТО.

ТАКА ЧЕКОР ПО ЧЕКОР СТИГНУВАМ ДО ПОЗНАТ ПАРК

ПОВТОРНО НАИДУВАМ НА КЛУПА ОВАЈ ПАТ СТАРА 

НО ВО ДЛАБОКА СЕНКА ПОД ЕДНА ЛИПА.

КАКО СТОГОДИШЕН СТАРЕЦ СЕ ПРЕДАВАМ НА ЗЕМЈИНАТА ТЕЖА

ЗАТВОРАМ ОЧИ И ПОВТОРНО СУМ СО НЕПОЗНАТИ ЛИЦА

ДАЛЕКУ НА КРАЈОТ ОД МОЈОТ ПОГЛЕД ПРЕПОЗНАВАМ ” ОПЕРА ХАУС”.

КАКО ОД ДАЛЕКУ СЛУШАМ ПОЗНАТ НО НЕ БАШ И ОМИЛЕН ЗВУК

СТАНУВА СЕ ПОСИЛЕН И ПОСИЛЕН.

ИСТОВРЕМЕНО НИЗ ТЕСНИОТ ОТВОР НА МОИТЕ ОЧИ ПРОЗИРА ЦРВЕНО СВЕТЛО.

ОТВОРАМ ОЧИ И ГЛЕДАМ 5:30 НА МОЈОТ БУДИЛНИК

СЕ ИСПРАВАМ СПОРО И СИ ПРОЗБОРИВ ПОЛУ ГЛАСНО:

СЕГА ЗНАМ ШТО БАРАВ,ГО БАРАВ ДЕТЕТО ШТО ГО ЗНАМ

ДЕТЕТО ШТО ГИ НАПРАВИ ПРВИТЕ ЧЕКОРИ БАШ ТАМУ НА НЕГОВАТА УЛИЦА

НА “ШИРОК СОКАК”

ЧЕКОРИТЕ ШТО НЕКОГАШ БЕА МАЛИ И БРЗИ,

А СЕГА СПОРИ И ТЕШКИ НО СЕУШТЕ НАЈОМИЛЕНИ

СЕ НАСМЕАВ ГОРЧЛИВО, ЈА ЗАНИШАВ ГЛАВАТА И ПАК 

ПОЛУ ГЛАСНО ПРОЗБОРИВ: ДЕТЕТО БЕВ ЈАС ,СЕ БАРАВ САМИОТ СЕБЕ.

ВО ТОЈ МОМЕНТ БУДИЛНИКОТ ПОВТОРНО ДАДЕ ЗНАК ОТИ РЕАЛНОСТА Е ПРИСУТНА

СЕ ИСПРАВИВ СПОРО И СИ ПОМИСЛИВ 

СОНОТ ЗАВРШИ А СЕГА НИШТО НОВО САМО 

УШТЕ ЕДЕН НЕПОЖЕЛЕН ДЕН ВО ТУЃИНА……

Поздравувајќи не сите нас, битолчанецот Гого Николовски од далечната Австралија ни испрати неколку негови песни во кои тој ја опишува неговата искрена љубов кон Битола и неизмерната тага која тој ја чуствува далеку во туѓина…

Да го поздравиме и ние…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here