Битола отсекогаш бил убав и богат град.Од убавината се изненадувале оние кои што првпат доаѓале во него,како младиот овчар Стојан,кој првпат слегол во Битола да си го види своето сакано девојче…

“Ко виде Стојан Битола
Битола града чуена
Морници ми го фатија…
Момето тој заборави”

Битола во минатото била карактеристична:

“Со тие тесни сокаци,со тие бели калдрми”

Кои биле привилегија само на најмодерните градови
Битола низ вековите посебно била прочуена со природните убавини…

“Битола-мајска природа
Битола-мајска градина”

Карактеристики на овај град биле природните реткости како оние…

“битолски сељвии”

Еден вид високи дрва од редот на кипарисите.Еве еден детаљ од просторната убавина на Битола во минатото:

“До портата бела чешма
До чешмата дафин дрво”

На стара Битола белег и давале ваквите улични чешми и ретките дрва пред портите,додека обележје на околината на овај град биле бадемовите дрвја..

“Изникнало бадем дрво
Во Битолско рамно поле”

Посебна убавина на Битола било..

“Битолско поле широко”

..што било уште еден услов да ги влече луѓето кон себе…

Цане Здравковски

сликата е разгледница за Битола од печатница
Гутенберг с.Магарево